Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Ројал Алхамбра Палас е лоциран на површина од 60.000 м2 и е отворен од Јуни 2012. Оддалечен е 9 км од центарот на Сиде, 14 км од центарот на Манавгат и 40 км од аеродромот во Анталија.

УСЛУГА ULTRA ALL INCLUSIVE   :  
Главниот ресторан служи по отворено мени (шведска маса) доручек, ручек и вечера. Нуди локални и интернационални вкусови и се состои од внатрешен простор кој вклучува и оддел за деца и надворешен простор меѓу зеленило. А ла карт рестораните (со резервација и доплата) нудат турска, источна, мексиканска храна и риба. 7 барови служат кафе, чај и сите видови коктели. Мини барот во соба се полни секој ден. Бањарките се доплаќаат. 

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
На располагање се вкупно 579 удобни и модерно опремени соби. 414 од нив се супериор стандардни, 48 дуплекс, 35 фамилијарни свити и 2 ултра луксузни кралски свити.

ПЛАЖА И БАЗЕН   :
Приватната песочна плажа е веднаш преку зелената област на хотелот и е опремена со чадори и лежалки. 5 базени и Аквапарк со вкупно 8 тобогани се достапни. Пет од нив се за возрасни, 3 за деца. Освежителни пијалоци се служат додека уживате.

СПОРТ И ЗАБАВА  :
Аквапарк, теретана, пинг понг, одбојка на плажа, ватерполо, игри во базен, пикадо, куглање, танцувачки и музички шоуа, интерактивни игри, жива музика 5 дена во неделата, диско забави, мини клуб со бројни анимации и уште многу дневни и вечерни програми и настани Ве очекуваат. 

СПА ЦЕНТАР  :
Опуштете се, физички и психички. Луксузниот Спа центар нуди ројал атмосфера, огромен простор и професионални тимови. Опремен е со турска бања, сауна, парна бања, џакузи, капсула, соби за масажи и соби за релаксација. Со доплата, може да одберете нешто од листата на одлични третмани и терапии за лице и тело.
 
www.royalalhambrapalace.com/

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
10:00 - 24:00 Бар на базен
11:00 - 16:00 Палачинки
12:00 - 17:00 Мали оброци
13:00 - 14:30 Ручек
14:00 - 16:00 Сладоледи
17:00 - 24:00 Лоби бар
19:00 - 21:30 Вечера
16:00 - 24:00 Слаткарница
18:30 - 20:00 Детски ресторан
24:00 - 07:00 Ноќни оброци

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Оваа услуга се наплаќа. На располагање се Мексикански ресторан, Рибен ресторан, Турски ресторан, Италијански ресторан и Источна кујна.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Турска бања, сауна, парна бања, Џакузи, соба за релаксација, целодневна анимација за деца и возрасни, музика во живо, базени, тобогани, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар.
Со доплата: Масажи, третмани за убавина, спа капсула, телефон, факс, рента на автомобили, фризер, фото сервис, хемиско чистење, доктор, мини маркет, соба за игри, бутици, интернет кафе, билијард, куглање, моторни спортови на вода, бебиситер.

 

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.