Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Делфин Би Гранд е најголемиот, најлуксузен и најзабавен хотел во областа Лара, сместен на 112.000 м2, оддалечен 15 км од центарот на Анталија и 10 км од аеродромот. 

УСЛУГА ULTRA ALL INCLUSIVE   :  
Главниот ресторан служи по принцип на шведска маса доручек, доцен доручек, ручек и вечера. Локални пијалоци, некои увезени и безалкохолни пијалоци се вклучени во концептот. 10 барови со различна тематика приготвуваат кафиња, разни видови чаеви, коктели, алкохолни и безалкохолни пијалоци, вина, пива и свежи сокови. Отворена е и слаткарница и дискотека. Со доплата можете да уживате во некој од 7те а ла карт ресторани кои овозможуваат Италијанска, Мексиканска, Грчка, Отоманска кујна, морска храна, риба и месо.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours .Хотелот се состои од 4 блокови со 853 соби и 19 лифтови. На располагање се 617 стандардни, 69 супериор, 127 фамилијарни соби, 17 свити и 3 фамилијарни свити. Сите соби се големи и луксузни, комплетно опремени и ултра модерно декорирани.

ПЛАЖА И БАЗЕН   :
Приватната плажа со чист песок се наоѓа веднаш наспроти хотелот и е опремена со лежалки, чадори, крпи за на плажа и сопствен бар. На располагање е голем надворешен базен од 1690 м2, олимписки базен, надворешен топол базен, базен со бранови, детски базен и бројни тобогани, анимации и забави.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Хотелот овозможува спроведување на спортски натпревари, игри во вода, вечерни активности, аниматорни шоуа, музика во живо и забава преку ден за гостите да поминуваат пријатно време. Достапни се и интернет кафе, компјутерски игри и соба за табла игри. Фитнес центарот и мини клубот се веднаш во близина.

СПА ЦЕНТАР  : 
Спа центарот изобилува со пријатна, топла и ултра луксузна атмосфера и професионален тим. Дел од понудата се млечната бања на Клеопатра, џакузи, хамам, сауна, парна бања, турска бања, специјални масажи, апликации, третмани и козметика.
 
delphinbegrand.com/

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
12:30 - 14:30 Ручек
19:00 - 21:30 Вечера
08:00 - 01:00 Слаткарница
23:00 - 02:00 Диско
10:00 - 19:00 Бар на плажа
10:00 - 00:00 Бар покрај базен
19:30 - 21:30 А ла карт ресторани
00:00 - 06:00 Собна услуга (бесплатно)
06:00 - 00:00 Собна услуга (со доплата)
Мини барот во соба се дополнува со вода, пиво и сокови секој ден.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Бесплатна услуга еднаш во 7 дена. Достапни се италијански, мексикански, рибен, отомански, грчки и азиски ресторан.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Интернет во лоби и соба, амам, сауна, парна бања, Џакузи, фитнес центар, Лунапарк, Диносаур парк, игри во базен, целодневна анимација, 6 тениски игралишта/ опрема/ осветлување, пинг понг, пикадо, сеф во соба, спортови на вода.
Со доплата: Интернет кафе, куглање, билијард, фризер, масажи, доктор, телефон, моторни спортови на вода.

 

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.