Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Овој ексклузивен, ултра модерен првокласен хотел е лоциран во Белек-Анталија, на 50 км оддалеченост од центарот на Белек и 40 км од Аеродромот во Анталија. Делфинариумот се наоѓа на само 2 км од хотелот, а популарниод Ленд оф Леџендс мегапарк 11 км.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE  :
Главниот ресторан служи богати оброци по принцип на шведска маса и овозможува диетално и вегетаријанско мени. Во услугата се вклучени доручек, ручек вечера, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. На располагање се 9 барови, од кои 1 е отворен 24/7. Свежи и вкусни хамбургери и пици се приготвуваат во снек баровите. Храната ја уживате на тераса со прекрасен поглед кон комбинација од зеленило, море и базени.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Сите соби се прекрасно декорирани и овозможуваат одличен, комфорен престој. Хотелот располага со 197 стандардни соби во главната зграда, 22 џуниор свити и 42 фамилијарни соби. Достапни се и бунгалови со истите типови на соби и совршен поглед кон бујните градини.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Ксанаду Ресорт Хотел поседува 415 метри долга, приватна, песочна плажа со чадори и лежалки. Достапни се и 3 големи базени, 3 тобогани и детски базен..

СПОРТ И ЗАБАВА :
Богатата забавна програма вклучува голем број на активности: параглајдерство, џет ски, сурфање, одбојка на плажа, тенис, кошарка, фитнес центар, активности за бебиња, деца и тинејџери, забавен парк со вртелешки, трамполина, мини воз, фреш парк и водни игри, игралиште и ѕидови за искачување. За најмалите е отворен детски клуб на плажа со одлични програми. Билијард, видео игри и компјутерски интеракции се достапни со доплата.

СПА ЦЕНТАР:
Шанг-Ду Спа центарот Ви нуди автентични третмани инспирирани од Далечниот Исток, третмани за убавина и традиционални Кесе услуги. Хамам, сауна, солариум, соби за масажи и затворен базен се само дел од богатата понуда.

 

xanaduhotels.com.tr/en

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 11:00 Појадок
11:00 - 12:00 Доцен појадок
12:30 - 15:00 Ручек
12:30 - 12:30 Ксанаду бар
12:30 - 16:30 Бар на плажа    
11:00 - 18:00 Слаткарница
19:00 - 22:00 Вечера
22:00 - 07:00 Ноќно лоби
10:00 - 00:00 Сладоледи
Мини барот во соба секој ден се полни со кока кола, фанта, минерална вода, сокови, пиво, млеко и Несквик.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Кинески (бесплатно), италијански (бесплатно), француски (бесплатно), турски (бесплатно), мексикански (бесплатно), морска храна (со доплата).

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Интернет насекаде, камена сауна, био сауна, парна бања, турска бања, целосна програма за бебиња и деца, билијард, пинг понг, роденденска забава, забавен парк, 2 тениски игралишта, осветлување на игралиште, стрелаштво, пикадо, кошарка, бекгемон, мини фудбал, билијард, куглање, мини диско, спортови на вода.
Со доплата: Масажи, пилинзи, фризер, доктор, бебифон, павилјони, спортови на вода, третмани за убавина.

           

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.