A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: A non well formed numeric value encountered

Filename: controllers/index.php

Line Number: 554

EuroSava Online Tour Operator - Antalya 2018

Ново пребарување

ЛОКАЦИЈА

Хотелот е лоциран покрај река, на 6 км од Белек и 3 км од Кадрије. Аеродромот е на 25 км оддалеченост. Хотели во близина: Астериа, IC Сантаи, Клуб Мега Сарај.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛОТ

Хотелот е отворен во 2013 година и зафаќа површина од 170.000 м2. Се состои од зграда со 6 ката и фамилијарна зграда со 3 ката со фамилијарни свити. Постојат и ВИП вили на 2 ката.

Хотелот е соодветен и за лица со инвалидитет.


Се прифаќаат Виза и МастерКард картички.


Плажа:

Приватна песочна плажа на 1,2 км оддалеченост од хотелот, долга 1 км. Превозот до плажа е со бродче, во времетраење од 3 до 7 минути и е бесплатен преку ден. Чадорите, лежалките и крпите за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се наплаќаат. Влезот во морето е песочен со ситни камчиња, а плажата располага со тушеви и кабини за пресоблекување.


ИНФРАСТРУКТУРА

  • Базени на отворено: главен базен со 8.138 м2, олимписки базен со 1250 м2, базен со морска вода со 655 м2, базен за возрасни со 300 м2, детски базен во Тини клуб со 52 м2, забавен детски базен со 467 м2 и фамилијарен базен со 65 м2 површина.
  • Олимписки базен со 1250 м2.
  • Базен на затворено со 312 м2, детски базен со 22 м2.
  • Главен ресторан со 6 тематски делови.
  • 6 а ла карт ресторани (со доплата): Турски, рибен, италијански, вечера на брод, вечера покрај базен, повеќе типови на брод.
  • 12 барови и 1 слаткарница
  • 7 тениски терени (3 глинени и 4 про глинени).
  • 3 фудбалски терени
  • 22 конференциски сали од 72 до 1980 м2.

Важно:

Сместување со домашни миленици не е дозволено.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СМЕСТУВАЊЕТО

Хотелот располага со 600 соби, со поглед на градина, базен или планина.

Собите се опремени со: Централна климатизација, во вилите индивидуална клима, сателитска ТВ со руски канали, ЛЕД ТВ, бесплатен мини бар, вилите дополнително имаат и фрижидер, сет за чај и кафе, директен телефон, бесплатен интернет, фен, бања, влечки, бањарки, балкон, електронски сеф.

Подови: Паркет.

Чистење на соба: Секој ден.

Промена на постелнина: Секој ден.

Промена на крпи за на плажа: Секој ден.

УСЛУГИ
Спорт и забава

Бесплатно:

  • Музика во живо
  • Турска бања, сауна, парна бања
  • Фитнес центар
  • Кино
  • Диско
  • Пинг понг
  • Пикадо
  • Одбојка на плажа
  • Кошарка
  • Аеробик
  • Тениски терен (попладне)
  • Сурфање (само со лиценца)
  • Часови по латино и ориентални танци
  • Часови по готвење

Со доплата:

  • Спа центар
  • Центар за здравје
  • Салон за убавина, фризер
  • Масажа, пилинг
  • Интернет корнер
  • Куглање
  • Билјард
  • Часови по тенис
  • Осветлување на тениски терен и реквизити
  • Фудбалски терен
  • Продавници, фото студио
  • Водни спортови (освен сурфање)

Останати услуги:

  • Менувачница
  • Бесплатно ви-фи низ хотелот
  • Изнајмување на инвалидска количка
  • Перална / Хемиско чистење
  • Кројач
  • Фотограф
  • Медицински услуги
  • Изнајмување на автомобил
  • Изнајмување на велосипед

ВИП КОНЦЕПТ

Во вила со 360 м2 со поглед кон голф терени:

  • Приватен базен на отворено
  • Градина
  • Тераса
  • 2 спални соби
  • 1 дневна соба
  • 1 соба за собарки
  • Отворена кујна
  • Посебно место за сончање
  • Голем кревет
  • 2 бањи

ЗА ДЕЦА

  • Забави
  • Игралиште со лулашки
  • Детски клуб (од 3 до 11+ години): тини-мини 0-3; тини 0-4; тини 8-11; тини 11+
  • Специјални програми за деца со посебни потреби
  • Програми согласно старосните групи
  • Детски забавен базен од 467 м2
  • Базен со тобогани со 241 м2
  • Фамилијарен базен со 65 м2
  • Детски базен на затворено со 22 м2
  • Детски ресторан во главниот ресторан, детско мени за ручек и вечера
  • Детски столчиња во главниот ресторан
  • Соба за игри
  • Плејстејшн во одредени часови
  • Игралиште на отворено
  • Дадилка (со резервација, со доплата)
  • Бебешка количка, радио дадилка со доплата
 

High Class AI - High Class All Inclusive

Концептот вклучува: Појадок, ручек и вечера, ужина, сладолед, чај, кафе, торти, свежи сокови за појадок, 6 а ла карт ресторани со резервација и доплата, пакет за ручек со резервација, собна услуга од 03:00 до 07:00 часот; диетално и вегетаријанско мени, одредени увозни и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Сите а ла карт ресторани се наплаќаат.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.