Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Хотелот се наоѓа на само 45 км. од градот Анталија. Прикажувајќи ја прекрасната природа и историја на Медитеранот, ресортот е распостранет на повеќе од 7,5 хектар низ борова шума.Природната убавина, надополнета со историската архитектура, сето тоа спакувано заедно со анимација за сите возрасти го прави Летонија Хотелот за незаборавен одмор. Многу од активностите и забавата поради Ултра Алл Инклусив концептот се безплатни.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE :
Ресортот поседува 3 а-ла карте ресторани вклучувајќи рибен ресторан, Турска и Азиска кујна. Пијалоците се служат на 8 бара, каде има и посебен Витамин бар во кој се служат билни пијалоци во релаксирачката зона. Главниот ресторан е на база на шведска маса за појадок, ручек и вечера. Има голема тераса за гостите кои сакаат да јадат надвор. Достапни се  диетални и детски опции за шведска маса.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Во Летонија може да се сместите во собите од главната зграда или во бунгаловите кои се наоѓаат во боровата шума. Сите Бунгалов соби се карактеризираат со посебни резби на  таванот со украси кои се типични за Турците во овој регион, а кои не се најдени во било кој друг дел на Турција. Дрвените тавани во собите на главната зграда и бунгаловите служат како природни ладачи на воздухот. Уникатниот дизајн потекнува од познат архитект. Сите соби се климатизирани  и имаат приватни балкони, мини бар и сателитска ТВ.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Хотелот се наоѓа на 50 метри од морето на кое се доаѓа преку дрвениот мост над реката Аксу. Жолтата песочна плажа е опремена со лежалки и чадори за сонце како и тушеви и тоалет. На тревната површина има гигански перници и импровизирани лежалки. Чисти крпи, пијалоци, овошје, сладолед, лубеница и лимонади за гостите на плажа.

СПОРТ И ЗАБАВА :
После денот на плажа во вечерните часови може да уживате во забавната програма на хотелот од Анадолиски танци се до Класични комедии. Исто има и забави на плажа со различни диџеи со спектакуларни огномети и жива музика, најчесто џез и најпопиларните светски хитови. Гостите може да ги пробаат и водните спортови кои се доплаќаат како на пример: водно скиијање, глисер, џетски, банана, ринго, падобран со глисер. Бесплатни спортови се: аеробик, гимнастика, степер, јога, џогинг, кошарка, мал фудбал, одбојка на плажа, шах, пикадо, бадмингтон, бочиа, тенис, стрелање, пин понг, мини голф, мини шах, билијард, детски клуб каде децата може да уживаат во игрите под надзор на специјализиран стаф.

СПА ЦЕНТАР : 
Летонија Голф Ресорт, Белек, има прекрасен спа центар, кој нуди традиционален Турски амам, парни бањи и сауни. Гостите може да уживаат некој од масажите кои се доплаќаат, третмани за лице и тело и сл. Селекцијата вклучува и арома терапии, медицински, азиски, каливи и водени масажи. Услуги кои не се плаќаат се следни: внатрешниот базен

 

 
http://www.letoonia.com/en-gb/letoonia-en/letoonia-golf-resort-belek.aspx

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 11:00 Појадок
11:00 - 12:00 Доцен појадок
12:30 - 14:30 Ручек
11:00 - 16:30 Мини оброци
17:30 - 18:30 Тостови
16:30 - 17:00 Чај и кафе
19:30 - 21:30 Вечера
00:00  -07:00 Бесплатна собна услуга
Мини барот секој ден се полни со вода, кока кола, сокови и пиво.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Ручекот во Медитерански и ресторанот на плажа е бесплатен. Вечера во ресторанот за морска храна, турски и азиски ресторан се наплаќа.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Сауна, Џакузи, амам, парна бања, базени, интернет во лоби и јавните простории, 9 барови, 4 тениски игралишта, пикадо, мини фудбал, мини голф, аеробик, јога, медитација, програми “за тело и ум”, фитнес центар, интернет кафе, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, билијард, стрелаштво, риболов, тобогани, дегустации на вина, мини клуб.
Со доплата: Осветлување на тениско игралиште, тениски топчиња и рекети, моторни спортови на вода, масажи, пилинзи, фризер, доктор.

           

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.