Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Кристал Палас е хотел сместен на 22.000 m², 12 км. од Сиде, 55 км. од аеродромот во Анталија и 60 км. од нејзиниот центар. Има пријатна атмосфера и несекојдневна архитектура, како и поглед кон прекрасни пејсажи на Сиде. 

УСЛУГА ULTRA  ALL INCLUSIVE  :
Главниот ресторан служи доручек, доцен доручек, ручек со детски оддел, вечера и полноќна ужина. Оброци, торти, колачи, сладолед, мексиканска храна, коктели, чај, кафе, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и некои сокови се вклучени. Увозните пијалоци се наплаќаат меѓу 23 и 10 часот. Хотелот нуди еден главен, 5 а ла карт ресторани и 5 барови. Мини барот во соба е наполнет со безалкохолни пијалоци и се надополнува секојдневно. А ла карт рестораните се бесплатни по избор, еднаш при 7 дена престој.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Вкупно се 509 соби, или 1146 кревети. 277 од нив се Стандардни соби од кои 5 подготвени за лица со посебни потреби, 170 Фамилијарни соби, 50 Џуниор свити, 6 Соби за младенци и 6 Паша свити.

ПЛАЖА И БАЗЕН   :
Хотелот е рај за семејства со деца, нуди приватна песочна плажа долга 150 метри и широка 190 метри како и повеќе типови на базени и аквапарк. Посебен детски базен со аквапарк и прекриен мини клуб со игралиште е достапен за деца меѓу 4 и 12 години. Крпите за на плажа се достапни во Спа центарот со депозит.

СПОРТ И ЗАБАВА  :
Тениско игралиште, терен за кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар, аеробик, пикадо, мини голф, вечерни шоуа и забави, концерти, танци и кино се активности вклучени во цена. Со доплата може да се игра видео игри, билијард, куглање и тенис.

СПА ЦЕНТАР  : 
Спа центарот има пријатна атмосфера и луксузен декор, а нуди парна бања, турска бања, сауна, внатрешен базен и фитнес центар. Масажите и третманите за убавина се доплаќаат. Објектот располага со професионален тим и нуди ултра квалитетна услуга.
 
 
www.crystalhotels.com.tr/en/hotel/crystal-palace-luxury-resort---spa/21
 

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Доручек
10:00 - 11:00 Доцен доручек
11:00 - 18:00 Колачи
11:30 - 16:00 Палачинки
12:00 - 15:30 Мали оброци
12:30 - 14:30 Ручек
15:00 - 16:00 Чај и кафе
18:30 - 21:00 Вечера
01:00 - 07:00 Ноќен оброк

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Отоманска кујна (бесплатно), Рибен ресторан (со доплата), Морска храна (со доплата), Мексиканска кујна (бесплатно), Кинески ресторан (бесплатно) и Италијански ресторан (бесплатно).

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Парна бања, Турска бања, сауна, Аквапарк, диско (увозните пијалоци се наплаќаат), лоби бар, интернет, паркинг, базени, аеробик, тениско игралиште, мини голф, кино, пинг понг, тобогани, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, игралиште, мини клуб.
Со доплата: Масажи, свежо цедени сокови (бесплатно за доручек), фризер, перална, рентање на автомобили, осветлување на тениски терени, телефон, факс, хемиско чистење, соба за игри, доктор, интернет кафе, билијард, куглање, моторни спортови на вода, фудбал, џет ски, кану, сурфање (само со сертификат), параглајдери, бебиситер.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.