Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Ресортот е на само 7км. од Аквапарк и 8 км. од Корнелиа Голф Клуб. Ехпо е 21 км. одалечено од Белис Хотелот и 6 км. од центарот на градот Белек .

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE :
Гостите на Хотел Белис може да очекуваат врвна услуга кога се однесува на храната и пијалоците. Поседува многу сертификати за висока оценка околу одржувањето на хигиената и сертификати со одлични оценки за приготвената храна од многу врвни шефови на познати кујни кои ја приготвуваат храната на највсоко ниво. Хотелот поседува 5 бара, 5 снек ресторани, 1 слаткара, 5 а-ла карт ресторани, кои се на услуга во текот на целиот ден.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Капацитетот е 557 различни типови на соби или свити. Хотелот располага со различни видови на стандардни соби, фамилијарни, свити со поглед кон градина, директен поглед на море, страничен поглед на море, директен пристап на базен, сервис на плажа, вип третман каде се што ќе посакате ќе добиете.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Белис е сместен помеѓу борова шума, со 5 надворешни базени, аква парк и внатрешен базен. Распостранет на површина од 3000 м2 водниот парк не само за деца туку и за возрасни од кои попознати се Вселенскиот тобоган, Мулти тобоган, Голема црна дупка, рафтинг...и многу други рекреативни објекти на вода и околу.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Ве очекуваат многу забавни фестивали,многубројни забави, интерактивни игри, ворк шопови, разни натпреварувања, различни игри за деца, одбојка на плажа, фудбал, стрелаштво, тениски игралишта, аеробик, зумба, јога, пилатес, танцувачки курсеви, пинг понг, бочиа, пикадо, игри на вода. Дневните анимации со професионални аниматори допринесуваат за бесконечна забава во ресортот. Гостите може да уживаат и во Зоолошка градина, јавање на коњи и пони. Масажите и некои спа елементи се достапни со доплата. Јога, пилатес, одбојка, тенис, фудбал и слично..

СПА ЦЕНТАР : 
Целосно опремена теретана и фитнес центар, нега на кожа, масажи и бесплатни терапии, турска бања, парна бања, сауна, шок базен, отворен и затворен базен и џакузи.
 
 
www.bellis.com.tr

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Доручек
10:00 - 10:30 Доцен доручек
11:00 - 23:00 Кафетерија Белис
12:00 - 16:00 Мини оброци
12:30 - 14:30 Ручек
16:00 - 18:30 Доцна закуска
18:30 - 21:00 Храна за деца
19:00 - 21:30 Вечера
24:00 - 02:00 Ноќно бифе
Некои локални и увозни пијалоци се служат 24/7 во лоби бар и до 02:00 во диско. Мини барот во соба бесплатно се надополнува секој ден со безалкохолни пијалоци.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Скара (со доплата), Икебана Суши (со доплата), Источна кујна (со доплата), Морска храна (со доплата), Стек хаус ( со доплата), Италијански ресторан (со доплата).

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно
: Парна бања, сауна, Џакузи, плажа, лоби, театар, мини библиотека, интернет во соба и низ цел хотел, мини фудбал, базени, бочиа, одбојка на плажа, диско, фитнес, воден парк, анимација, амфитеатар, тениско игралиште, пинг понг, пикадо, детско игралиште, мини клуб.
Со доплата: Масажи, пилинзи, третмани за убавина, маркет, бутик, фризер, тениска опрема (со депозит), соба за состаноци, телефон, факс, интернет кафе, перална, осветлување на тениски терен, собна услуга,, доктор, билијард, фудбалско игралиште, моторни споротви на вода, јавање, изнајмување велосипеди, бебиситер.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.