Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
На површина од 405 000 м2, овој ресорт со 5 звезди има 1000 м. приватна плажа како и 12 000м.Аква парк во тројански стил со многу водни свиоци. Поседува и спа центар, теретана како и шопинг центар. Аеродоромот на Анталија е одалечен 50 км. од центарот на Анталија.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE  :
Во Риксос во своите ресторани храната е приготвувана од страна на врвни кувари. А-ла карте рестораните како што се Италијанскиот, Францускиот, Турскиот имаат отворени кујни со обилен избор на квалитетна храната. Гостите може да уживаат и во 12 те бара со различен амбиент, и разновиден избор на пијалоци и сендвичи со врвен квалитет на ниво на ланецот Риксос.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in Од 14:00 часот Check-out До 12:00 часот
Одморот ќе ви биде бајка од соништата, со амбиент од Медитеранот. Ресортот е изграден на површина од 405 000 м2 и функционално искористен секој агол со елементи на модерен дизајн. Нуди висок комфорт , направен така да одговори на сите барања на гостите со примеси на голем луксуз. Гостите може да се сместат по избор од делукс соби па се се до луксузните вили. Капацитетот на собите 640 соби, 60 свити со базени и 40 вили. Сите соби имаат или поглед на море или поглед на шума, елегантно декорирани со модерен мебел. Собите се опремени со флет телевизори и сателитска и имаат приватни балкони, а некои имаат тераси со директен пристап до базените или зеленилото..

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Овој ресорт е на 6 минутно пешачење од плажата која е долга 1000 метри, а водниот парк зафаќа површина од 12 000 м2 граден во тројански стил со многу тобогани.Поседува и спа центар.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Забавата во Риксос ресортот секој ден е со различна сензација. Во живо перформанси на светски диџеи, концерти, специјаллни забави ќе Ви направат да секој ден да Ви е исполнет со убави
моменти од прекрасната атмосфера на Медитеранот. Различни скокачки активности под ингеренција на светски тренери. За оние кои сакаат да пронајдат рамнотежа помеѓу менталниот и физичкиот склоп професионални аеробик тренери се тука да ви го овозможат тоа со јога, истегнување, пилатес, аеробик, зумба, велосипедизам. Специјалните часови за аеробик ќе ви овозможат да учествувате во аеробик маратонот. Ве чека авантура на стрелаштво која ќе ви ја пренесат тренерите по стрелаштво, како и зумба фестивалот .благодарение на врвните професионални тренери.

СПА ЦЕНТАР  : 
Спа центарот се протега на површина од 4 500 метри. Може да уживате во салоните за убавина и различните терапии и масажи, руска бања, внатрешен базен итн.

 

premiumbelek.rixos.com

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 23:00 Ресторан Тиркиз (шведска маса/не работи од 18.00-19.00)
09:00 - 24:00 Лоби бар
10:00 - 24:00 Ирски паб
10:00 - 24:00 Наргиле бар (со доплата)
12:00 - 14:30 Мини клуб
12:00 - 18:00 Мали оброци
12:00 - 24:00 Слаткарница
19:00 - 23:00 А ла карт ресторани
20:00 - 24:00 Бар на плажа
23:00 - 03:00 Ноќен клуб

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Италијански ресторан (со доплата), Рибен ресторан (со доплата), Стек хаус (со доплата), Турска кујна (со доплата). Неопходна е претходна резервација на рецепција.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Соба за релаксација, хамам, 2 парни бањи, 4 сауни, лоби бар, паркинг, интернет, менувачница, тенис, кошарка (на затворено), одбојка, бочиа, фудбал, одбојка на плажа, аеробик, пилатес, водна гимнастика, јога, базени, анимација, тениски терен, пикадо, фитнес центар, пинг понг, детска анимација, детско мени, игралиште, детски клуб, Аквапарк.
Со доплата: ЕМС технологија, клиничка практика, козметички/дерматолошки апликатори, фотодинамично подмладување, фацијални третмани, 3Д слабеење, липосоникс, озонска терапија, тениски лекции, доктор, хемиско чистење, соба за игри, веслање, падобранство, плејстејшн, скијање на вода, бебиситер.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.