Ново пребарување

ЛОКАЦИЈА
Хотел со 5 ѕвезди конструиран на самото крајбрежје, на 75 км оддалеченост од аеродромот, 13 км од Манавгат и 15 км од центарот на Сиде.

СМЕСТУВАЊЕ
Хотелот се состои од главна зграда на 7 ката, куќи со базен и клуб зграда на три ката. Располага со 2050 кревети вкупно и различни видови на соби за сечиј вкус и желба.   

УСЛУГА - УЛТРА АЛЛ ИНКЛУСИВ
Главниот ресторан има капацитет за 1500 луѓе и служи интернационална кујна по отворено мени (шведска маса) внатре и на отворена тераса. 5 а ла карт ресторани, дискотека и кафе бар се достапни. Вечерна ужина е вклучена од 22:30 и 00 часот а сендвич барот ќе ви подготвува оброци по полноќ до рано наутро.

ПЛАЖА И БАЗЕН
340 метри приватна песочна плажа со чакал опремена со чадори, лежалки, душеци и крпи за на плажа (бесплатно еднаш неделно). Има 14 базени наоколу од кои 5 се специјализирани за деца и нудат тобогани и игри во базен за забава.

СПОРТ И ЗАБАВА
Дневни и вечерни анимации, Лунапарк, игри, шоуа, аеробик, јога, степ, гимнастика, водна гимнастика, водни игри со топка, пинг понг, 6 тениски терени, мини клуб, тинејџерски клуб, мал фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пикадо, бочиа, кафе бар, бадминтон и фитнес центар се вклучени во услугата. Со доплата овозможени се и моторни водни спортови.

СПА ЦЕНТАР
Во просторот каде е сместен внатрешниот базен од 300 м2 можете да уживате во класична турска бања или сауна додека Ве служат со некој освежителен пијалок. Повеќе видови на масажи, пресотерапија, вакум терапии, третмани со вулкански камења, џет блитз и балнеотерапии исто така се на понуда. Спа центарот има топла, луксузна и пријатна атмосфера.

 

http://www.silence.com.tr

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Појадок
08:30 - 12:00 Симит
10:00 - 11:00 Доцен појадок
11:00 - 12:00 Компири
12:00 - 18:00 Сладоледи (во слаткарница)
12:00 - 13:00 Беби/детско бифе
12:30 - 14:30 Ручек
12:00 - 16:00 Палачинки и пита
16:30 - 17:30 Овошје
18:00 - 19:00 Компири
19:00 - 21:30 Вечера
19:00 - 21:30 Сладоледи (во Лунапарк)
22:30 - 01:00 Доцна вечера
24/7 Лоби бар
Некои локални и увозни интернационални алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни 24/7. Сите флаширани пијалоци се наплаќаат. Минибарот во соба се дополнува секој ден со вода, пиво и сокови.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Услугата се наплаќа и потребна е резервација. Достапни се азиски, мексикански, италијански, рибен и скара ресторан.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
5 бесплатни влезници за Лунапарк (по соба), целодневна анимација, турска бања (кај базенот), сауна (кај базенот), фитнес центар, некои увозни пијалоци, мини клуб, тинејџерски клуб, бадминтон, кошарка, мини фудбал, стрелаштво, Аквапарк, 6 тениски игралишта, водни спортови.
Со доплата: Спа центар, масажи, третмани за кожа, билијард, павилјони, Play Station, Лунапарк, куглање, доктор, перална, фризер.

...



Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.