Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Овој луксузен и забавен хотел е отворен во 2007 година и е лоциран на 3 км оддалеченост од аеродромот во Анталија, 3 км од Античкиот тетар во Сиде и 9 км од пополарниот водопад во Манавгат. Овозможен е превоз до Сиде и Манавгат на секои 15 минути по ниски цени.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE :
Услугата е достапна 24/7. Главниот ресторан служи доручек, ручек, сладолед и вечера по отворено мени. Вклучен е и доцен доручек, супа навечер, ран доручек и бебешко катче со детско мени. Сите локални и некои увезни пијалоци се вклучени во цена во 8те барови, освен во слаткарницата и дискотеката. Мини барот во собите секој ден се полни со вода и сокови. Снек сервис е достапен и покрај базените и на плажа. Во близина се отворени 5 а ла карт ресторани кои подготвуваат Турска, Италијанска, Медитеранска и Мексиканска кујна.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Собите располагаат со подови со паркет и се комплетно опремени за се што Ви е потребно во текот на престојот. Достапни се супериор соби, свити, фамилијарни соби и дублекс.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
На само неколку минути пешачење се наоѓа плитка и песочна приватна плажа, со Сино знаме и лежалки и чадори на располагање. Хотелот поседува и 4 базени, од кои 1 внатрешен и 3 водопади.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Бесплатно, овозможени се часови по готвење два пати неделно, кошарка, одбојка, мини фудбал, пинг понг, дневна и вечерна анимација и шоуа, фитнес центар, аеробик, пикадо и степ. Водни спортови се исто така овозможени во близина. За најмладите, отворен е мини клуб и мини диско.

СПА ЦЕНТАР : 
Спа центарот нуди различни типови масажи, Турски пилинг, џакузи, аква масажи, внатрешен базен, хидротерапија, третмани со кал, арома терапии, фјужн тушеви, маникир, педикир и третмани за нега на лице и тело. Изобилува со пријатен мирис, професионална услуга и топла атмосфера.
 
 
www.horusparadise.com

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
12:00 - 18:00 Снек ресторан
12:30 - 14:00 Ручек
19:00 - 21:00 Вечера
23:00 - 01:00 Ноќно бифе
01:00 - 06:00 Утринско бифе

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Достапни се италијански ресторан, азиска кујна, мексикански и рибен ресторан. Секоја сезона 3 од нив се бесплатни (1 по избор) за време на престојот, другите се доплаќаат.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Фитнес центар, анимации, вечерни забави, музика во живо, дискотека, амам, сауна, парна бања, пинг понг, тобогани, кино, Џакузи, интернет, паркинг, тениско игралиште, кошарка.
Со доплата: Осветлување на тениско игралиште, моторни спортови на вода, телефон, факс, фотокопир, доктор, рента на автомобили, свежо цедени овошни сокови, билијард, перална, хемиско чистење, масажи, салон за убавина, фризер.

 

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.