Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Барут хотел е лоциран во Кемер-Анталија, 600 м оддалечен од центарот, 45 км од градот Анталија и 55 км од аеродромот. Зафаќа површина од 30.000 м2. 

УСЛУГА ULTRA ALL INCLUSIVE  :
Концептот е валиден меѓу 07:00-01:00 часот. Оброците се служат во главниот ресторан, пицерија, ресторан за мали оброци и слаткарницата. Лоби барот работи 24/7 и нуди локални и некои увезени пијалоци. Свежо цедени сокови од портокал се служат бесплатно во Витаминскиот бар. Минибарот располага со вода, овошни сокови, кока-кола, кола лајт, сода и пиво. Интернет, крпи за на плажа, влез во ноќниот клуб и киното се исто така вклучени.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Вкупно има 357 соби, сите комплетно опремени. Може да се бира меѓу економична, стандардна соба со поглед кон земјиште или море, де лукс свита или фамилијарна соба.

ПЛАЖА И БАЗЕН   :
Хотелот има приватна плажа од 150 м со чакал и сопствено пристаниште. Чадори, лежалки, душеци и крпи се достапни. Постои базен на затворено, на отворено и детски базен, како и аквапарк со три лизгалки.

СПОРТ И ЗАБАВА  :
Тениско игралиште, мини голф, фитнес центар и теретана, одбојка на плажа, кино и аквапарк се направени за забава и е комплетно бесплатно. Со доплата може да се користат моторни реквизити за водни спортови, билијард, куглана и скуба нуркање.

СПА ЦЕНТАР  :

Мистични масажни терапии, професионални третмани за лице и тело од Далечниот Исток, турска бања, сауна и многу различни искуства во Спа центарот ќе Ве ослободат од секојдневниот стрес. На понуда се наоѓаат типови на масажи, третмани и терапии по избор. 

 

www.baruthotels.com/en/kemer

 

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
10:00 - 18:00 Слаткарница
12:00 - 16:00 Мали оброци
12:30 - 14:30 Ручек
19:00 - 21:30 Вечера
24:00 - 01:00 Ноќен оброк
Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни 24/7. Мини барот во соба се полни со сокови и пиво секој ден. Дискотеката работи од 00 до 02 часот и пијалоците се наплаќаат.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Услугата е бесплатна и неопходна е резервација. На располагање се Турски ресторан, Италијански ресторан, Морска грана и Источна кујна..

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Парна бања, сауна, влез во дискотека, кинотека, лоби бар, интернет, мини голф, фитнес центар, тениско игралиште, тобогани, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, гимнастика, сурфање (со сертификат), аеробик, мини клуб.
Со доплата: Масажи, фризер, мини маркет, бутици, фото сервис, гифт шоп, хемиско чистење, соба за игри, свежо цедени сокови, рента на автомобили, доктор, перална, скијање на вода, моторни спортови на вода, џет ски, параглајдерство, билијард, куглање, пилинзи, третмани за убавина.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.