Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Квинс Парк Текирова е сместен во областа Текирова, во регионот Кемер, Анталија. Оддалечен е 5 км од Трите Острови, позната нуркачка локација, 12 км од главната марина и 6 км од Татали 2365, област позната по падобранските екстремни спортови. Аеродромот се наоѓа на 53 км.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE  :
На располагање се главен ресторан кој служи по отворено мени, 4 а ла карт ресторани кои служат по посебно мени, слаткарница, снек ресторан и бар покрај базен. Услугата вклучува: доручек, доцен доручек, ручек, брзи закуски, вечера, сокови и локални и безалкохолни пијалоци.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Хотелот располага со вкупно 530 соби, луксузни и модерно декорирани, со сите неопходности на располагање. Некои од нив имаат поглед на море или пак прекрасен поглед кон планинското зеленило. Пристап до бежичен интернет е овозможен низ целиот објект.

ПЛАЖА И БАЗЕН   :
Хотелот е сместен на приватна плажа, песочна со камчиња, долга 140 метри и опремена со чадори и лежалки. Поседува и голем главен надворешен базен со одвоен мал базен со тобогани за деца, како и внатрешен Спа базен.

СПОРТ И ЗАБАВА  :
Сите немоторни водни спортови се вклучени во услугата. Достапни се фитнес центар, одбојка на плажа, тениски игралишта и кошаркарско игралиште. Можете да уживате во активности како нуркање, пловење, сурфање, џет-ски и параглајдерство. Овозможено е и користење на собата за игри со пикадо, билијард, степ, бочиа и пинг понг. Хотелот скоро секоја вечер организира настани, музика во живо, танци и вечерни шоуа.

СПА ЦЕНТАР  : 
Со 1000 м2 површина, внатрешен Спа базен и ексклузивна архитектура, ќе имате можност комплетно да се опуштите во прекрасниот Спа центар. Покрај терапиите од Далечниот Исток, на располагање се и повеќе типови масажи, третмани за убавина, снежна фонтана, парна бања, соба од сол, тепидариум, сауна, ВИП бања и Турска бања.
 
 
 
www.queensparkresort.com/eng/index.html

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
11:30 - 16:15 Палачинки
11:45 - 16:30 Снек бар
12:30 - 14:30 Ручек
17:00 - 18:00 Тестенини
19:00 - 21:30 Вечера
23:30 - 00:30 Доцна вечера
Некои локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни 24/7, некои се наплаќаат само од 01 до 08 часот.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Италијански ресторан (со доплата), Кинески ресторан (со доплата), Отомански ресторан (со доплата), Рибен ресторан (со доплата).

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Сауна, Турска бања, часови по нуркање (во базен), диско, Аквапарк, одбојка на плажа, фитнес центар, сурфање, кану, пинг понг, базени, мини клуб, тениско игралиште, анимација за деца и возрасни.
Со доплата: Маркет, перална, трговски центар, бутици, доктор, телефон и факс, фризер, соба за состаноци, рента на автомобили, моторни спортови на вода, центар за убавина, масажи, пилинзи, третмани за убавина, скијање на вода, џет ски, параглајдерство, бебиситер.

...



Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.