Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Овој луксузен хотел е поставен на 186.000 м2 и е во непосредна близина на Текирова, 60 км од центарот на Анталија и 73 км од аеродромот во Анталија.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE :
Услугата е валидна помеѓу 07 наутро и 02 часот по полноќ, во главниот ресторан Тиркиз за доручек, ручек, вечера и полноќен оброк. Детскиот ресторан е отворен за ручек и десерти до 18 часот а Фуд Корт нуди 10 различни опции за турски тестенини, закуски и сендвичи од 11 до 18 часот. На располагање се 7 барови, диско клуб, сладолед и слаткарница, како и 6 а ла карт ресторани.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Риксос Текирова има две главни згради, 770 соби, свити и вили придружени со спектакуларен поглед кон планината Таурус и Медитеранот. На понуда се и делукс вили, вили или свити со приватни базени и ВИП услуги.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Пред самиот хотел се протега приватната плажа од 550 м опремена со лежалки и чадори. Одвоен е посебен простор за бебиња, отворена е продавница за храна и пијалоци со конобарски сервис и библиотека со електронски книги, списанија и брошури. Познат е и Рикси аквапаркот со 5 тобогани за деца и Аквапарк за возрасни со 10 тобогани достапни за сите. Изобилуваат со забавни активности. Главниот надворешен базен зафаќа површина од 3319 м2 а внатрешниот 220 м2.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Популарни шоуа, забави со различни тематики, музика во живо и познати изведувачи доаѓаат неретко. Јога, водна гимнастика, пинг понг, пикадо, игри во базен, театар, фитнес клуб, одбојка на плажа, бадминтон, фудбал и ѕидови за искачување се исто така достапни. Со доплата може да се уживаат и моторни спортови на вода, параглајдерство и куглање.

СПА ЦЕНТАР : 
Спа центарот на Риксос Премиум Текирова е простран, нов и луксузен. Опремен е со тропска дождовна соба, парна бања, просторија за релаксација, био сауна и два хамам оддели, специјално само за жени и општ. Со доплата може да се добие индиска или чоколадна масажа, пилинг и масажа со пена, терапии, третмани, маникир и педикир.
 
 
premiumtekirova.rixos.com

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 11:00 Појадок
10:00 - 20:00 Дем кафе
12:00 - 18:00 Снек ресторан
12:00 - 23:00 Сладоледи
12:30 - 14:30 Ручек
19:00 - 21:30 Вечера
24:00 - 02:00 Ноќни оброци
Одредени домашни и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни 24/7. Мини барот во соба се дополнува со пиво, сокови и грисини секој ден.

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Италијански ресторан (бесплатно), Американска кујна (бесплатно), Интернационална кујна (со доплата), Турски ресторан (бесплатно), Рибен ресторан (со доплата), Источна кујна (бесплатно).

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно
: Тропска дождовна шума, соба за релаксација, парна бања, био сауна, Турска бања, Аквапарк, интернет, кинотека, паркинг, лоби бар, тениско игралиште, пинг понг, фитнес центар, пикадо, базени, одбојка на плажа, јога, билијард, бадминтон.
Со доплата: Часови по нуркање, масажи, тениска опрема, телефон, факс, соба за состаноци, маркет, хемиско чистење, трговски центар, фризер, моторни спортови на вода, куглање, салон за убавина, playstation,  бебиситер.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.