Ново пребарување

ПОЛОЖБА :
Хотелот е лоциран во Кемер, на 50 км од аеродромот на Анталија и 25 км од градскиот центар. Се наоѓа помеѓу убавини на историјата, културата и природата. Сместен е на површина од 250 000 м2 во средината на сврзувањето на Медитеранот и планината Таурус.

УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE  :
Риксос располага со 3 ресторани со отворено мени (шведска маса), слаткарница и 10 а ла карт ресторани кои подготвуваат специјалитети од Мексиканската, Италијанска и Кинеска кујна, морска храна, брза храна, јапонски и руски тип на оброци. Секојдневно се подготвуваат врвни рецепти, традиционални ручеци, вкусни закуски и десерти, егзотични вкусови, се служат селектирани вина, популарни коктели, алкохолни и безалкохолни коктели.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Вкупно 1094 луксузни соби, свити и вили дизајнирани за екстремен комфорт, со поглед кон прекрасните пејсажи од Медитеранот и Таурус планина. Комплетно се опремени за сите секојдневни потреби.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Ресортот поседува приватна плажа од 720 м. и аквапарк. Располага со 11 водни лизгалки од кои 5 се со професионална намена, 12 базени од кои 10 се на отворено а 2 на затворено. Базените се 110 цм. длабоки а зафаќаат површина од 344 м2. Има и спектакуларен аквапарк за најмалите со 6 водни лизгалки и игралиште кои ќе им го разубави денот. Базенот за деца е безбеден и регулиран и е 45 цм. длабок.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Во текот на летото Риксос ги поканува светските ѕвезди за настапи, популарни музички групи за концерти, ди-џеи за ноќни забави, а приредува и забави покрај базен, фестивали, нуди спортски активности, тениски терени, терен за кошарка, поле за стрелаштво и пукање (под надзор), фитнес центар, билијард, куглање (со доплата), часови за танц, пинг понг, бадмингтон, мини голф, сурфање и одбојка на плажа (со доплата).

СПА ЦЕНТАР  : 
Дизајниран на гигантски простор од 8000 м2 според фенг шуи филозофијата, Спа центарот нуди 10 типови на масажи, пилинзи за тело, индиски терапии, турска бања, сауна, терапија со врели камења, ароматерапии, бања во Клеопатра стил, терапии со алги и де лукс нега на кожа. Во близина се наоѓа фризер, салон за убавина и фитнес центар. Масажите и терапиите се доплаќаат.
 
 
sungate.rixos.com

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ:
07:00 - 10:00 Појадок
10:00 - 11:00 Доцен појадок
12:00 - 16 :00 Мали оброци
12:30 - 14:30 Ручек
15:00 - 18:00 Слаткарница
19:00 - 21:30 Вечера
23:30 - 02:00 Ноќно бифе
Богат избор на локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци бесплатно. 

А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Услугата се наплаќа. Достапни се Италијански ресторан, Источна кујна, Суши ресторан, Морски плодови и Мексикански ресторан.

УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно:
Парна бања, сауна, спа за дами, Турска бања, базени, интернет, паркинг, Аквапарк, мини фудбал, целодневна анимација, билијард, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар, пикадо, аеробик, тениско игралиште, пинг понг, Playstation, забави на плажа и покрај базен.
Со доплата: Масажи, доктор, перална, фризер, хемиско чистење, телефон, факс, соба за состаноци, моторни спортови на вода, куглање, тениски реквизити, бебиситер.

...

Lokacija na mapa

Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.