Правни напомени


1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и ЕУРОСАВА
        Со користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
        Еуросава ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:
        Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку ЕуроСава. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Еуросава и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на Еуросава. 
        Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.
        Доколку забележите дека Еуросава не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@savatours.com.mk заради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.

3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
        Овие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.

4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
        Содржините на овие web страници се сопственост на Еуросава, 1000 Скопје, ул. Даме Груев 16 лок. 2, 3, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
        Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. Еуросава го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
        Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранњети нелегални цели и дејствија.

7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
        Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Еуросава не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
        Еуросава го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА Еуросава НА ОВИЕ СТРАНИЦИ
        Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.

10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
        Еуросава ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на fax со фотокопија од кредитната картичка.

Еуросава - Скопје
Директна соработка

Eurosava соработува со најголемите светски тоуроператори и со директни закупи на соби во хотелите во дестинацијата за да нуди на клиентите квалитетни туристички пакети.

UP-TO-DATE информации

EuroSava останува во контакт со хотели и пансиони, со цел да се ажурираат податоци што е можно побрзо.

Обемот на продажбите

Нашата стратегија е да се продаде што е можно најмногу пакети оnline, кој овозможува намалување на трошоците со промоција на лице место. Нашата понуда е многу разновидна и прифатлива.

Брзо најдете она што ви треба

EuroSava ви овозможува да пребарувате за правата дестинација користејќи брзо и модерно пребарување.

Ниски цени

Нашето задоволство е да ви понудиме што повеќе ниски цени.

Плаќање преку интернет

Ако сте ја избрале вашата дестинација тогаш ќе може да си извршете уплата преку интернет во нашиот сајт,веднаш после конфирмација а не подолго од времетраење од 24 часа а со тоа ке заштедете и време и пари.

Иднината е ONLINE

EuroSava сака да стане најголема онлајн продавница за патување од Македонија, со поврзување на хотелoт со туристите и обезбедување на најниски цени.

Сите информации на едно место

EuroSava е повеќе од портал резервации , тука можете да најдете повеќе за вашата дестинација: знаменитости, други туристички повратни информации и слики.