ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ

1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и ЕУРОСАВА

Со користење на оваа веб страна, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Еуросава Дооел ја почитува Вашата приватност и работи според начелата наведени во нашата политика за приватност каде се третира начинот, намената и типот на личните податоци кои ги собираме. Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на Вашите потреби како корисник и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци на Република Северна Македонија од страна на ДЗЛП. Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност. Вашето користење и /или регистрација на кој било дел од веб страната значи дека ја прифаќате истата. Доколку не се согласувате со оваа политика на приватност, Ве молиме да не ja користите веб страната. Доколку забележите дека Еуросава не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@eurosava.com заради итна корекција на евентуалите пропусти односно решавање на проблемот во што покус рок.

3. ЛИЧНО И НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ

Овие веб страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.

4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ

Содржините на овие веб страници се сопственост на Еуросава Дооел Скопје, Бул. Јане Сандански ДТЦ 13 Ноември Лок.4, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Се превземаат оперативни мерки сите податоци редовно да се прегледуваат, а евентуалните грешки ажурно да се одстрануваат. Еуросава го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување или најава.

6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ

Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.

7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Еуросава не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

8. ПРОМЕНА НА УСЛОВИ НА РАБОТЕЊE

Еуросава го задржува правото да ги менува условите за користење на веб страната и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ЕУРОСАВА

Веб страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на аранжмански услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашата страница морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап или ќе бидат превземени соодветни правни дејствија.

10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ

Еуросава ќе се труди да ја проверува и ажурира точноста на податоците на веб страната и константно да ја проширува својата понуда.

Еуросава - Скопје

icon
Откријте го вашето совршено патување со само неколку клика. Прелистајте разновиден избор на дестинации и сместувања прилагодени според вашите преференции. Од одморалишта на тропски плажи до пријатни планински одморалишта, ние сме тука за вас. Резервирајте го вашиот следен незаборавен одмор кај нас денес!