Ви благодариме што го одбравте EUROSAVA за реализатор на Вашиот годишен одмор. За агенции: Препорачуваме овoj Info да му се даде на секој клиент кој патува зa Antalija со EUROSAVA. Со ова info сакаме да ве информираме за некои детали кои се неопходни за време на патувањето и престојот.
Мора да бидете на аеродром 2 часа пред летот, за да може да се чекирате на време со покажување на вашиот билет и важечки патен документ -пасош. На аеродром ќе го сретнете претставник на EUROSAVA 076 456 232, кој ќе ве посочи за check-in. Секој клиент треба да знае дека доколку од било која причина не успее да се чекира, ние не ја превземаме одговорноста за качување на авионот и финансиските трошоци кои би можеле да настанат, вклучувајќи ги трошоците за лет, хотел или трансфер. Промена на следен лет ќе биде направена со дополнителна доплата за лет, хотели трансфер. Секое откажување ќе биде резултат на казни (пенали), дефинирани во времето на откажувањето според општите услови на патување.
Секој клиент потребно е да носи ваучер со себе кој е издаден од продажниот систем на EUROSAVA.За да не се случи било каква не извесност или недоследност на резервациите од хотелите или доцнење при сместувањето во собите, ако не се доставува ваучер во хотелот операторот нема да може да ви помогне. Затоа е потребно секој клиент со себе да гоима потребниот ваучер.
Да се елиминираат сите потенцијални здравствени проблеми или било каква несреќа за време на вашиот одмор, препорачливо (задолжително) е секој клиент да носи здравствено патничко осигурување со себе.
EUROSAVA Оператор има водичи, кои се грижат за вас во текот на вашиот престој. Тие ќе бидат распоредени во соодветните области каде се наоѓаат хотелите во: Кемер, Белек, Сиде, Аланија и Анталија, и ќе Випомогнат при трансферот и сместувањето во хотелот. Ви препорачуваме да го земете нивниот телефонски број во моментот кога ќе ги сретнете на аеродромот, бидејќи тие нај често користат броеви од турски оператор па според тоа ќе може да им се обратите за било каков проблем.
За секоја поплака или проблем кои може да се појават во хотелот, ве молиме пријавете кај водичот или на телефон:+905353300929, кој го спомнавме претходно, во зависност од тоа во која област се наоѓа хотелот. Ако не можете да го најдете водичот, вемолиме јавете се на телефонскиот број + 389 2 329 64 64 и некој од нашата канцеларија ќе го испрати водичот веднаш во хотелот во кој сте сместени и ќе се обиде да најде решение за вашиот проблем. Секој клиент мора убаво да провери каква собар езервирал и дали истата соба ја има на ваучерот, за да не дојде до недоразбирања. Собата пишана на ваучерот мора да биде иста со онаа што ја добивате во хотелот, вo спротивно ако не ви се исполнуват условите дадени во ваучерот тогаш сте обврзани да потпишете записник кои се наоѓаат кај нашиот водич, a истиот записник мора да биде потпишан и заверен од страна на поплакувачот, хотелот и водичот. Записникот преставува единставен доказ за сите ваши поплаки. EUROSAVA оператор ви посакува пријатен одмор!
Copyright © 2024 All Rights Reserved