Villa Side Residence Hotel
Проверете цени
Во моментов нема отворени поаѓања за овој хотел. Прашајте нè и ќе провериме за вас.
За хотелот
ПоложбаХотелот се наоѓа во областа Kumkoy оддалечен само 2km од центарот на градот, и 75km од аеродромот во Анталија.
Услуга - Ultra all inclusive:
Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, доцна вечерна ужина, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови за појадок, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 17:30 со само локални пијалоци. Не е вклучено: специјални и премиум увозни пијалоци, свежи овошни сокови, Турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци, специјални вина, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани : Sofra – Турска кујна, Lagos – Рибен ресторан, Portofino – Италијанска кујна, барови покрај базен, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар, шопинг центар допонително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лоби и во собите.
Сместување
Вкупен број на соби 334.
Стандардни соби (28 - 32 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби (55-62 m², две одвоени спални соби, исто може да бидат дуплекс, макс. 4 лица),
4 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, сателитска телефизија со музички канали, балкон.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг – понг. Дополнително се наплатува : масажа, билијард, куглање и компјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми за време на денот и вечерта. Mini Club е во Villa Side Residence Hotel.
Плажа
Хотелска песочна плажа, 250m од хотелот со бесплатни лежалки, чадори. Има бесплатен превоз до плажа.