Прескокни до содржината

Laguna Beach Alya

★★★★★ Аланија, Турција Ол инклузив
Кликнете на фотографијата за зумирање

Проверете цени

Во моментов нема отворени поаѓања за овој хотел. Прашајте нè и ќе провериме за вас.

За хотелот

ПОЛОЖБА

Лагуна Алија е лоциран во Аланија, на само 29 км оддалеченост од плажата Клеопатра, 32 км од аквапаркот во Аланија и 74 км од аеродромот.


УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE

Главниот ресторан служи доручек, ручек и вечера по отворено мени (шведска маса), додека за свежи коктели, алкохолни и безалкохолни пијалоци на располагање е лоби барот до доцните часови. Во услугата се вклучени и торти, колачиња, овошја, кафе и чаеви. На приватната плажа Ви се овозможени лежалки, чадори и крпи за на плажа. Вклучени се и повеќе активности и спортови.

СМЕСТУВАЊЕ

Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Хотелот располага со вкупно 256 соби со одлична местоположба и комплетно опремени за задоволување на сите основни потреби. Сите соби имаат приватен балкон и бања. Дополнително, снабдени се со влечки, средства за хигиена и фен.

ПЛАЖА И БАЗЕН 

На само неколку чекори оддалеченост се наоѓа приватна песочна плажа опремена со лежалки и чадори. Пред самиот хотел се наоѓа главниот базен, детски базен со тобогани и мини базен за најмалите. Покрај базените уредно се наместени лежалки и чадори. Во близина постојано функционираат снек барот и барот покрај базен.

СПОРТ И ЗАБАВА

Можете да играте пикадо, пинг понг и билијард во собата за игри или да уживате во библиотеката, фитнес центарот, водниот мини парк или дискотека. Овозможени се и вечерни забави и програми, игри на плажа, спортови и изнајмување велосипеди. За децата достапно е игралиште а можат да се забавуваат и преку секојдневните анимациони програми.


СПА ЦЕНТАР

Спа центарот нуди сауна, хамам и повеќе типови масажи и терапии. За Вас ќе се погрижи професионалниот тим и пријатната атмосфера.

 

www.lagunaalyabeach.com