Rixos Premium Belek
Проверете цени
Скопје Анталија Чартер лет
За хотелот
ПОЛОЖБА :На површина од 405 000 м2, овој ресорт со 5 звезди има 1000 м. приватна плажа како и 12 000м.Аква парк во тројански стил со многу водни свиоци. Поседува и спа центар, теретана како и шопинг центар. Аеродоромот на Анталија е одалечен 50 км. од центарот на Анталија.
УСЛУГА ULTRA ALL INCLUSIVE :
Во Риксос во своите ресторани храната е приготвувана од страна на врвни кувари. А-ла карте рестораните како што се Италијанскиот, Францускиот, Турскиот имаат отворени кујни со обилен избор на квалитетна храната. Гостите може да уживаат и во 12 те бара со различен амбиент, и разновиден избор на пијалоци и сендвичи со врвен квалитет на ниво на ланецот Риксос.
СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in Од 14:00 часот Check-out До 12:00 часот
Одморот ќе ви биде бајка од соништата, со амбиент од Медитеранот. Ресортот е изграден на површина од 405 000 м2 и функционално искористен секој агол со елементи на модерен дизајн. Нуди висок комфорт , направен така да одговори на сите барања на гостите со примеси на голем луксуз. Гостите може да се сместат по избор од делукс соби па се се до луксузните вили. Капацитетот на собите 640 соби, 60 свити со базени и 40 вили. Сите соби имаат или поглед на море или поглед на шума, елегантно декорирани со модерен мебел. Собите се опремени со флет телевизори и сателитска и имаат приватни балкони, а некои имаат тераси со директен пристап до базените или зеленилото..
ПЛАЖА И БАЗЕН :
Овој ресорт е на 6 минутно пешачење од плажата која е долга 1000 метри, а водниот парк зафаќа површина од 12 000 м2 граден во тројански стил со многу тобогани.Поседува и спа центар.
СПОРТ И ЗАБАВА:
Забавата во Риксос ресортот секој ден е со различна сензација. Во живо перформанси на светски диџеи, концерти, специјаллни забави ќе Ви направат да секој ден да Ви е исполнет со убави
моменти од прекрасната атмосфера на Медитеранот. Различни скокачки активности под ингеренција на светски тренери. За оние кои сакаат да пронајдат рамнотежа помеѓу менталниот и физичкиот склоп професионални аеробик тренери се тука да ви го овозможат тоа со јога, истегнување, пилатес, аеробик, зумба, велосипедизам. Специјалните часови за аеробик ќе ви овозможат да учествувате во аеробик маратонот. Ве чека авантура на стрелаштво која ќе ви ја пренесат тренерите по стрелаштво, како и зумба фестивалот .благодарение на врвните професионални тренери.
СПА ЦЕНТАР :
Спа центарот се протега на површина од 4 500 метри. Може да уживате во салоните за убавина и различните терапии и масажи, руска бања, внатрешен базен итн.
premiumbelek.rixos.com