Прескокни до содржината

Rixos Premium Tekirova

★★★★★ Кемер, Турција Ол инклузив
Кликнете на фотографијата за зумирање

Проверете цени

Во моментов нема отворени поаѓања за овој хотел. Прашајте нè и ќе провериме за вас.

За хотелот

ПОЛОЖБА :
Овој луксузен хотел е поставен на 186.000 м2 и е во непосредна близина на Текирова, 60 км од центарот на Анталија и 73 км од аеродромот во Анталија.


УСЛУГА  ULTRA ALL INCLUSIVE :
Услугата е валидна помеѓу 07 наутро и 02 часот по полноќ, во главниот ресторан Тиркиз за доручек, ручек, вечера и полноќен оброк. Детскиот ресторан е отворен за ручек и десерти до 18 часот а Фуд Корт нуди 10 различни опции за турски тестенини, закуски и сендвичи од 11 до 18 часот. На располагање се 7 барови, диско клуб, сладолед и слаткарница, како и 6 а ла карт ресторани.

СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Риксос Текирова има две главни згради, 770 соби, свити и вили придружени со спектакуларен поглед кон планината Таурус и Медитеранот. На понуда се и делукс вили, вили или свити со приватни базени и ВИП услуги.

ПЛАЖА И БАЗЕН :
Пред самиот хотел се протега приватната плажа од 550 м опремена со лежалки и чадори. Одвоен е посебен простор за бебиња, отворена е продавница за храна и пијалоци со конобарски сервис и библиотека со електронски книги, списанија и брошури. Познат е и Рикси аквапаркот со 5 тобогани за деца и Аквапарк за возрасни со 10 тобогани достапни за сите. Изобилуваат со забавни активности. Главниот надворешен базен зафаќа површина од 3319 м2 а внатрешниот 220 м2.

СПОРТ И ЗАБАВА :
Популарни шоуа, забави со различни тематики, музика во живо и познати изведувачи доаѓаат неретко. Јога, водна гимнастика, пинг понг, пикадо, игри во базен, театар, фитнес клуб, одбојка на плажа, бадминтон, фудбал и ѕидови за искачување се исто така достапни. Со доплата може да се уживаат и моторни спортови на вода, параглајдерство и куглање.


СПА ЦЕНТАР : 
Спа центарот на Риксос Премиум Текирова е простран, нов и луксузен. Опремен е со тропска дождовна соба, парна бања, просторија за релаксација, био сауна и два хамам оддели, специјално само за жени и општ. Со доплата може да се добие индиска или чоколадна масажа, пилинг и масажа со пена, терапии, третмани, маникир и педикир.

 

 

premiumtekirova.rixos.com

Early Booking 2027

Early Booking започнува во среда, 21.10.2026

Најдобрите цени во сезоната, за оние што први ќе резервираат. Останете со нас!

00дена
00часа
00минути
00секунди
Прашајте нè на WhatsApp