Прескокни до содржината

Utopia World Hotel

★★★★★ Аланија, Турција Ултра ол инклузив
Кликнете на фотографијата за зумирање

Проверете цени

Скопје Анталија Чартер лет

За хотелот

ЛОКАЦИЈА

Хотелот е лоциран на 20 км оддалеченост од Аланија. Аеродромот е оддалечен 155 км од хотелот.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛОТ

Хотелот е отворен од 2007 и зафаќа површина од 105.000 м2. Се состои од зграда од 6 спрата и комплекс од вили, лоцирани на планина. Достапни се и лифтови.

Хотелот е погоден за сместување на лица со инвалидитет.


Се прифаќаат Visa и MasterCard картички.


Плажа

Приватна плажа на 150 метри од хотелот. До неа се стигнува со мост и со лифт. Долга е 250 метри и располага со бесплатни чадори, лежалки, душеци и крпи за на плажа. Влезот во море е камчест со песок. На плажа е отворен снек бар.


ИНФРАСТРУКТУРА


Базени на отворено: главен базен од 1463 м2, релакс базен со 510 м2 (отворен до 02 часот по полноќ), базен со водопад.
Аквапарк со површина од 15.000 м2 – 8 тобогани за возрасни, 4 за деца, главен базен од 1385 м2, мини базен, релакс базен, мини рафтинг од 300 метри, летна тераса, снек бар.
Базен на затворено од 75 м2.
Главен ресторан – покриен дел со капацитет за 600 луѓе и дел на отворено со капацитет за 350 луѓе.
3 а ла карт ресторани: “La Monte” италијански, “Turkuaz” рибен, “Tuam” турски (со претходна резервација и доплата)
6 барови
Тениско игралиште (вештачка трева)
3 конференциски соби: 485, 74 и 52 м2, за 88-600 луѓе.
Бизнис центар
Шопинг центар



Важно

Внесување на домашни миленици е забрането.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СМЕСТУВАЊЕТО

Хотелот има вкупно 559 соби, со поглед на море, базен, планина и градина.

Собите располагаат со: Индивидуална клима, мини бар (вода, сокови), сателитска ТВ, музички канал, телефон, бесплатен ви-фи, бања, бесплатен сеф, влечки, балкон или тераса.

Подови: Главна зграда – паркет, вили – керамички плочки.

Чистење на соби: Секој ден.

Промена на постелнина: 3 пати неделно.

Промена на крпи: 3 пати неделно.

КОНЦЕПТ

UAI- Ultra All Inclusive

Концептот вклучува: Појадок, доцен појадок, ручек и вечера, доцна вечера и ран појадок; мали оброци, благо, ѓозлеме и сладолед во одредени часови, ноќна супа, детско бифе, локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и коктели постојано.

Свежо цедени овошни сокови и собната услуга се наплаќаат.

УСЛУГИ
Спорт и забава

Бесплатно:


Турска бања, сауна, парна бања, џакузи.
Фитнес центар со поглед на море
Амфитеатар
ТВ лонџ
Интернет кафе
Диско
Тениски терен (попладне)
Тениски рекети и топчиња (со депозит)
Билјард
Пикадо
Пинг понг
Кошарка, одбојка
Мини фудбал
Аеробик
Кану



Со доплата:


Спа центар
ВИП сауна (со поглед на море)
Масажи
Фризер, салон за убавина
Компјутерски игри
Часови по нуркање
Моторни спортови на вода
Авантуристички парк



Дополнителни услуги:


Менувачница
Ви-фи (бесплатно, низ целиот хотел)
Перална
Медицински услуги
Изнајмување на автомобил
Изнајмување на велосипеди



ЗА ДЕЦА


Бебешко креветче, на барање
Мини клуб (4-12 години)
Мини диско (секоја вечер)
Посебно детско бифе за вечера
Високи столици во ресторан
2 детски базени на отворено, 4 тобогани
Базен на затворено
Игралиште, соба за игри
Бебешка количка (со доплата)
Бебиситер (со резервација)