Прескокни до содржината

Инфо за лет Скопје, Анталија, Скопје

Што треба да знаете пред летот, во хотелот и ако нешто тргне наопаку.

Ви благодариме што го одбравте EUROSAVA за реализатор на Вашиот годишен одмор. За агенции: препорачуваме оваа информација да му се даде на секој клиент кој патува за Анталија со EUROSAVA. Со неа сакаме да ве информираме за деталите кои се неопходни за време на патувањето и престојот.

  1. Лет

    Мора да бидете на аеродром 2 часа пред летот, за да може да се чекирате на време со покажување на вашиот билет и важечки патен документ (пасош). На аеродром ќе го сретнете претставник на EUROSAVA, 076 456 232, кој ќе ве насочи за check-in.

    На секој патник, вклучително и на децата и бебињата, му е потребен пасош кој важи за целото патување. Секој клиент треба да знае дека доколку не успее да се чекира од причина на негова страна, ние не ја превземаме одговорноста за качување на авионот и финансиските трошоци кои би можеле да настанат, вклучувајќи ги трошоците за лет, хотел или трансфер. Промена на следен лет ќе биде направена со дополнителна доплата за лет, хотел и трансфер. Секое откажување ќе резултира со казни (пенали), дефинирани во времето на откажувањето според општите услови на патување.

  2. Ваучер од хотелот

    Понесете го ваучерот издаден од системот за резервации на EUROSAVA, испечатен или на телефон. Хотелот го бара при пријавувањето, а со него се избегнува секаква неизвесност или доцнење при сместувањето во собата. Ако не можете да го најдете, јавете ни се пред патувањето и ќе ви го испратиме повторно.

  3. Здравствено осигурување

    За да бидете покриени во случај на здравствен проблем или несреќа за време на вашиот одмор, силно препорачуваме секој патник да има патничко здравствено осигурување. Може да го додадете при резервацијата или да го купите во нашите канцеларии.

  4. Пристигнување во Анталија

    EUROSAVA има водичи кои се грижат за вас во текот на вашиот престој. Тие се распоредени во областите каде се наоѓаат хотелите: Кемер, Белек, Сиде, Аланија и Анталија, и ќе ви помогнат при трансферот и сместувањето во хотелот. Ви препорачуваме да го земете нивниот телефонски број кога ќе ги сретнете на аеродромот, бидејќи најчесто користат броеви од турски оператор.

  5. Поплаки

    За секоја поплака или проблем во хотелот, пријавете кај водичот или на телефон +90 535 330 09 29. Ако не можете да го најдете водичот, јавете се на +389 2 329 64 64 и некој од нашата канцеларија ќе го испрати водичот во вашиот хотел за да најде решение.

    Проверете дали собата што сте ја резервирале е собата наведена на ваучерот и собата што ја добивате во хотелот. Ако условите од ваучерот не се исполнети и проблемот не се реши на самото место, составете краток записник со нашиот водич, потпишан од вас, хотелот и водичот. Испратете го заедно со вашиот писмен приговор во рок од 8 дена по враќањето, како што е наведено во Општите услови за патување.

    EUROSAVA ви посакува пријатен одмор!